Подгответе се за топол но врнежлив викенд

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират и кон југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во вечерните часови повремено ќе врне слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во недела во вечерните часови се очекуваат изолирани врнежи од дожд кои ќе бидат послаби по интензитет, а во повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. 

07.02.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега