Малолетно момче заврши во болница - се пролеа крв на тетовските улици
17 годишно момче од тетовско Желино заврши на лекување во тетовската клиничка болница, откако бесен 16 годишник го избодел со нож.
Како што информираат од тетовската полиција, момчето било нападнато вчера вечерта на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, откако се скарал со една година помладо момче од Палатица. Момчето од Желино заработило убод од нож во левото рамо, блиску до вратот.
- Две други лица со комби возило го пренеле во болница каде по укажаната помош, задржан е за натамошно лекување. Лицето посочено дека со нож го расекло во рамото како и очевидците на овој настан во текот на денов повикани се во Секторот за внатрешни работи Тетово и во координација со јавниот обвинител се превземаат активности за целосно расчистување на случајот, вели Јосифовски, пренесува МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа