Сурово го претепале и го киднапирале за 300 денари - младо момче преживеа вистински хорор

Битолчаните Б.У.(29), Л.С.(28) и М.С.(25) си заработија кривични пријави откако на 3. јануари годинава ограбиле и киднапирале млад битолчанец.

Според информациите од полицијата, тројцата разбојници го нападнале битолчанецот Д.О. (22) на улицата „Сремска Митровица“, го претепале и му украле два мобилни телефони и 300 денари. По ова, тројцата насилници го однеле Д.О. во куќата на Л.С. и го држеле затворен 3 часот до 22 часот.

 

07.02.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега