Скопјанец изгуби 600.000 денари за една вечер

 

 

Засега непознато лице ноќта меѓу 5-ти и 6-ти февруари провалило во куќата на Љ.К. лоцирана на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Скопје.

Крадецот си заминал со 20 котури гуми за алуминиум и стакло, 50 брави, пет пили и друг алумински алат, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

07.02.2014 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега