Кавадарци: Пробал да украде 20 литри ракија - го уапсиле на лице место

 

Полицијата фати кавадарчанец кој се обидувал да му ја украде ракијата на својот сограѓанин.

Според информациите од кавадаречката полиција, 34 годишниот кавадарчанец М.А. бил фатен на дело додека се обидувал од куќа на улица „Љубашка“ во Кавадарци да украде две туби од по десет литри домашна ракија. Случајот го пријавил сопственикот на ракијата

- Брзата интервенција и присебноста на сопственикот биле пресудни крадецот да не ја изврши кражбата.Тој веднаш побара полициска помош, а крадецот беше приведен во полиција поради кривичното дело „кражба во обид“, велат од полицијата, пренесува МИА.

Крадецот пред полицијата признал и други кривични дела. Од кавадаречката полиција апелираат до жителите на општините Кавадарци и Росоман да посветат поголемо внимание за заштита на своите имоти.

- Им се советува посебно на оние граѓани што живеат во станбени згради почесто да ги проверуваат подрумските простории и доколку забележат присуство на сомнителни лица или возила веднаш да повикаат полиција на бесплатниот број 192, советуваат од кавадаречката полиција.

07.02.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега