Презентација на резултати од проектот за неформални собирачи на отпад
Невладината организација МДЦ-Ти.Нет денеска во ЕУ Инфоцентарот во Скопје ќе ги презентира резултатите од проектот „Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за собирање на отпад во земјата“., поддржан од ЕИДХР програмата на Европската унија.
За проектот поддржан од ЕИДХР, што беше спроведен во град Скопје и во општините Кочани и Струмица е изготвена анализа со цел да се детектирааат предизвиците за вклучување на неформалните собирачи, предизвиците со кои што тие се соочуваат, како и политиките на национално и локално ниво.
Изготвени се и акциски планови што денеска ќе бидат презентирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа