Груевски-Даниелсон: Високиот дијалог ќе придонесе за намалување на времетраењето на преговорите за членство во ЕУ

 

На денешната средба во Скопје меѓу премиерот Никола Груевски и генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската Комисија Кристијан Даниелсон тема беа европските интеграции на Република Македонија кои се стратешка определба на Владата.

Како што информираат од Владината прес-служба Премиерот Груевски, ги истакна реформите кои се преземаат со цел достигнување на стандардите кои се од значење за европската интеграција на нашата земја. Тој го истакна и придонесот на европските институции во напредокот и реализацијата на реформите.

Директорот Даниелсон искажа интерес за приоритетните области кои Владата планира да ги преземе во следниот период, а во пресрет на есенскиот извештај за напредок.

На средбата беше разговарано и за реализацијата на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската унија, кој од страна на соговорниците беше оценет како позитивен процес и ја истакнаа неговата корисност за продолжување на реформите од европската агенда.

Премиерот Груевски и директорот Даниелсон оценија дека резултатите од дијалогот ќе придонесат во намалување на времетраењето на преговорите за членство во Европската унија. 

06.02.2014 - 20:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега