ДИК ќе го одбележи Светскиот ден на изборите
Државната изборна комисија како членка на Асоцијацијата на изборните органи на Централна и Источна Европа (АСЕЕЕО), денеска, по повод Светскиот ден на Изборите, ќе организира тематска работилница.
На работилницата ќе бидат презентирани новините на Изборниот законик, а ќе се одржи и панел-дискусија на која ќе учествуваат претставници на ДИК, на ОБСЕ на тема „Улогата на набљудувачките мисии во изборите“, на Народниот правобранител за „Заштита на правата на избирачот“ и невладината организација МОСТ на тема „Улогата на невладините организации во изборниот процес“.
06.02.2014 - 08:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа