Сарачини денеска ќе го посети Универзитетот на ЈИЕ
Министерот за економија Ваљон Сараќини заедно со претставници на неколку деловни субјекти, денеска ќе го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, каде ќе ќе се сретме со ректорот Замир Дика.
Целта на посетата е да се промовираат мерките за младите претприемачи кои можат да ги користат и студентите, за кои јавните повици се веќе објавени.
Посетата ќе биде прва од низата промотивни средби по факултетите во Република Македонија со цел да се запознаат студентите со начините за поддршка кои ги дава Министерството за економија за развој на претприемништвото преку своите програми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа