Дебатата за напредокот на Македонија ќе се одвива заедно со тие за Црна Гора и БиХ

 

Европскиот парламент доцна вечерва на пленарна сесија ќе го разгледа извештајот за напредокот на Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На листата на говорниците за дебатата за трите земји од Западен Балкан се пријавени 24 европратеници, додека во името на Комисијата ќе зборува комесарот за проширување Штефан Филе, a во името на Советот на ЕУ грчкиот шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос.

Ова не е прв случај да се расправа за неколку земји истовремено, а да постетиме на минатата сесија во Стразбур кога се водеше дебатата за напредокот на Србија и Косово, европратениците го прозваа грчкот претседателство да се изјасни за спорот со името и да го деблокира евроатланскиот процес за интеграција на Македонија.

Предложената резолуција на Ричард Ховит, која нема обврзувачки карактер, но има големо политичко влијание, обсерваторите во Стразбур ја оценуваат како доста позитивна за Македонија, ова и покрај забелешките кои беа направени од страна на самите европратеници за двојазичноста.

05.02.2014 - 17:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега