Попоски оствари средба со генералниот секретар на австриско-францускиот центар за приближување во Европа Јанкович
Попоски се сретна со генералниот секретар на австриско-францускиот центар за приближување во Европа Јанкович.
Никола Попоски, министерот за надворешни работи денеска оствари средба со поранешниот министер за надворешни работи на Австрија и актуелен генерален секретар на Австриско-Францускиот центар за приближување во Европа Петер Јанкович, кој престојува во работна посета на Република Македонија.
Како што соопштуваат од МНР посетата на Јанкович, е поврзана со подготовките на конференција во организација на Австриско-Францускиот центар, на тема “Европскиот идентитет и иднината на Балканот“, планирана да се одржи во мај оваа година во Скопје.
Средбата била искористена за разговор за можностите за натамошна соработка со Австриско-Францускиот центар. Во тој контекст биле разменети мислења и за важноста на европската перспектива за Република Македонија и поддршката за почеток на пристапните преговори со Унијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа