Уште едно олеснување за пациентите - измени на системот „Мој термин“

Воведени се нови измени во услугата „Мој термин“ кои се уште едно олеснување за сите пациенти. Со новите измени, пациентите повеќе ќе нема потреба да одат кај нивниот матичен лекар за да го донесат заверениот упат кој е креиран при итен преглед во установа од повисоко ниво. Упатот за кој веќе има електронски запис во системот по автоматизам ќе биде прифатен и поврзан со пресметката и останатите обврски на установата од повисоко ниво.

Ова денеска беше истакнато на прес-конференција на Министерството за здравство.

Втората измена се однесува на олеснување на упатувањето пациенти, односно при закажување контролни прегледи кај специјалисти или кај субспецијалист. Од сега контролните прегледи ќе ги закажува специјалистот или субспецијалистот кај кого се врши прегледот, односно упатот кој е издаден од матичниот лекар при првиот преглед ќе продолжи да важи до завршувањето на лекувањето, но најмногу една година, а ова најчесто ќе се користи кај пациентите со хронични заболувања со што автоматски и при првата посета кај специјалист или субспецијалист за нив ќе се обезбеди термин за контрола.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во изминативе шест месеци се издадени 270.000 упати за веќе завршени прегледи за кои е побарано од пациентите да одат кај матичните лекари да го заверат а статистиката покажува дека бројот на зафатени термини за јануари изнесува 337.562, во декември биле реализирани 324.041, а во ноември 336.223. За февруари се креирани 389.113 слободни термини, за разлика од јануари кога беа креирани 398.754, а во декември 412.312 прегледи. Опаѓањето пред се се должи на земањето годишни одмори на дел од докторите.

05.02.2014 - 15:11
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега