Грипот "кутна" уште 590 лица во Кавадарци
Во Кавадарци грипот зема се поголем замав. Последната седмица во Центарот за јавно здравје Кавадарци евидентирани се нови 590 случаи на заболени од грип, со што бројката на заболени се искачи на 1.360 лица.
Ова е најголем број забоелни за само една недела од почетокот на сезоната со оглед на тоа дека минатата година до овој период од сезоната за грип имало само 145 заболени.
05.02.2014 - 14:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа