Македонската дијаспора ќе гласа на 12 април
Македонските граѓани кои живеат во дијаспората, својот глас за претстојните претседателски избори ќе го дадат на 12 април.
Државната изборна комисија денес едногласно усвои јавен повик на кој треба да се пријават заинтересираните кои ќе имаат можност да гласаат во три изборни единици 7,8 и 9, еден ден пред изборите, на 12 април.
Заинтересираните треба да достават документи за законски престој во странство и пријава со личен потпис.
05.02.2014 - 13:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа