Од утре Собранието на „Фејсбук“ и „Твитер“
Собранието на Република Македонија се очекува да работи до 10 март, а потоа ќе следува прекин поради одржувањето на претседателските избори на 13 април.
Седницата за пратенички прашања би требало да се одржи на 27 февруари, односно последниот четврток во месецот.
Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска го презентираше редовниот Годишен извештај за работата на Собранието и рече дека е генерално задоволен од работата на Парламентот во изминатата година и оти се вратил дијалогот меѓу пратеничките групи кој беше нарушен. Најави дека од утре Собранието ќе биде присутно на популарните социјални мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“.
Според Вељаноски, на овој начин содржините што им се достапни на посетителите на веб-страната на Собранието ќе им бидат подостапни на корисниците на социјалните мрежи како што се дневните редови на седниците, на работните тела, меѓународни и други активности на пратениците и службата на Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа