Авганистанка роди девојче на границата со Македонија - детето е Македонче

 

Авганистаската државјанка која вчера се породои на македонско грчката граница родила женско дете дознава Press24 од извори во болницата во Валандово. Според последните информации таа не се пријавила на граничниот премин, туку била забелжана од гранична патрола во близина на Богданци. Бидејќи почнал процесот на породување, вработените во граничната патрола немале избор освен да и помогнат во породувањето. Веднаш била повикана итна медицинска помош, но детето веќе почнало да излегува. За среќа, итната медицинска помош пристигнала брзо, па успеале да ја однесат до болницата во Валандово, каде на гинеколозите им останало само да ја пресечат папочната врвца. 

Согласно законите, доколку мајката нема македонско државјанство, а детето е родено на македонска територија, автоматски му се доделува македонско државјанство

05.02.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега