Косовски весник објави: Ахмети соработувал со УДБА уште од 1992 година?

 

Лидерот на владејачката партија ДУИ, Али Ахмети бил шпион на УДБА, пренесува косовскиот весник Ботасот, повикувајќи се на документ кој го добиле од хуманитарната организација „Сали Чеку“ од Швајцарија.

Во извештајот кој го подготвил секретаријатот за надворешни работи на СФРЈ, на 28 јануари 1992 година, се вели дека Ахмети примил голема сума на пари од југословенскиот конзул во Женева во замена за две видео снимки со воени активности на Албанци во камп на границата меѓу Швајцарија и Франција.

Потпис на ваквиот извештај има ставено Југословенскиот потсекретар Зоран Јаначковиќ.

Во извештајот се вели: 

 

„По ваш налог , конзулот М.К. во Женева врачи пари во готовина, кои според вашиот допис се наменети за Али Ахмети, албански емигрант со престој во Швајцарија. Состанокот е видео и фото документиран. На состанокот Ахмети достави две видео снимки со обука на албански терористи во еден напуштен камп, логор, на границата меѓу Швајцарија и Франција. На снимките се гледаат Џавид Халили, Џафер Шатри, Фазли Велиу, Селим Реџепи, Маљоку Флорим, Махмут Бардил, Али Сабри и извесно лице за кое Али Ахмети тврди дека надимакот му е „Кури". Соработникот тврди дека на овој собир требало да присуствува и висок офицер на ЈНА, но од безбедносни причини не се појавил."

05.02.2014 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега