ВНИМАВАЈТЕ: Опасна “игра“ сее ужас на патот Скопје-Велес - возачи намерно возат во спротивна насока (ФОТО)
На социјалните мрежи деновиве кружат информации дека на автопатите низ Македонија се организираат опасни “игри“ со возење во спротивна насока, објавува Град.ск
Иако овие информации не се официјално потврдени, се почестите реакции на корисниците на социјалните мрежи се загрижувачки и покажуваат дека оваа појава е реална опасност за оние кои ќе се најдат на патот Скопје-Велес.
Според статусите на сведоците на опасните “игри“, одредени возачи намерно возат во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, кој е полн со непрегледни делови и свиоци.
05.02.2014 - 10:54
Фото:
Сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа