Страшевски-Мујота: Автопатот Приштина-Скопје од интерес на двете земји

 

Македонскиот амбасадор во Приштина, Илија Страшевски синоќа се сретна со косовскиот министер за инфраструктура, Фехми Мујота.

Мујота го информирал македонскиот амбасадор за инфраструктурните проекти кои се во тек во Косово, а посебно за автопатот Приштина-Скопје, кој, како што рекол ток, е од посебно значење за двете земји.

Косовскиот министер побарал од Страшевски да ја пренесе пораката во неговата земја за понатамошно продолжување на соработката меѓу двете земји, посебно во областа на патниот транспорт на стоки и патници.

- Очекуваме продолжување на интензивна активност во тој правец со цел што поскоро да се реализира потпишувањето на договорот за транспорт на стоки и патници меѓу Косово и Македонија, истакнал Мујота.

Соговорниците потенцирале дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина во областите кои се под надлежност на Министертвото за инфраструктура.      

Амбасадорот Страшевски, неодамна се сретна и со министерот за внатрешни работи Бајрам Реџепи. Страшевски и Реџепи ја нагласија одличната соработка меѓу владите на двете земји и искажана подготвеност за продолжување и проширување на соработката во разни области од взаемен интерес. 

05.02.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега