Пратениците и денеска за војниците и стечајците

 

Пратениците денеска ќе ја продолжат 84. седница на чиј дневен ред, меѓудругите, се и Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија и измените на Законот за стечај, двата по скратена постапка.

Измените предвидуваат околу 3.000 стечајци да добиваат месечен надоместок од 7.100 денари, додека околу 4.000 војници по завршувањето на службата во АРМ да бидат ангажирани во државните институции.

На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија и по Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност, сите по скратена постапка.

По скратена постапка треба да се донесат и измените и дополнувањата на Законот за учебници за основно и средно образование, на Законот за минерални суровини, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за измените на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

05.02.2014 - 08:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега