Малолетници со Југо излетале од патот пред Ресен - тројца во болница

 

Сообраќајна незгода се случила попладнево околу 15 часот на патот Ресен – Битола, автомобил Југо со ресенски регистарски таблички, излетал од патот.

Возилото го управувало лицето О.М роден 1996 година, со неполни 18 години, а во автомобилот бил со двајца сопатници И.А (18) и А.Ј (16) сите тројца од Ресен. Лицата со возило на Брза помош се пренесени во болница во Битола каде им се констатирани полесни повреди, потврдија од СВР Битола.

 

Увид на местото извршило полициското одделение, причините се се уште непознати.

04.02.2014 - 21:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега