Пререгистрација на осигурениците во Велес
Раководителот на Подрачната служба на ФЗО во Велес упати апел до сите граѓани да го искористат законскиот рок од 1 февруари до 31 март годинава и да извршат повторна пререгистрација на здравственото осигурување.
Овој апелот важи за лицата кои немаат осигурување по друг основ.
- Задоволни сме од почетокот на пререгистрацијата, граѓаните веќе започнаа да доаѓаат и се надевам дека во предвидениот период сите 9.000 лица ќе дојдат и ќе изршат годишна пререгистрација. Доколку имаме зголемен број на граѓани ќе организираме и продолжено работно време, а со цел да им излеземе во пресрет на сите граѓани, потенцира Марковски.
Тој информира дека соопштението за годишната пререгистрација е испратена до сите приватни здравствени установи кои, исто така, треба да ги информираат граѓаните. Ако не го сторат тоа, лицата ќе го изгубат правото на здравствено осигурување кое доколку повторно го активираат нема да биде целосно, туку ќе изгубат користење на некои права.
- Ќе се обидеме во овој период да им сугерираме и на граѓаните кои сеуште немаат поднесено барање за електронски здравствени картици, веднаш да го сторат тоа. Воедно, за сите нејаснотии околу годишната пререгистрација, граѓаните можат слободно да побараат објаснување кај нашите вработени, потенцираше, Марковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа