Грипот “кутна“ стотина лица од Неготино и Демир Капија

Стотина лица од Неготино и Демир Капија досега се евидентирани дека се заболени од грип, соопшти денеска раководителот на организациската единица Неготино при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.

Тодоровска потсети дека 650 граѓани на Неготино и Демир Капија оваа сезона примиле вакцина против грип.

- Бројот на вакцинирани е за стотина поголем споредено со минатата и со претходните години. Се зголемува бројот на оние кои одлучуваат да се вакцинират и на тој начин да го заштитат своето здравје од грип. Обично не сакаат да ризикуваат постарите лица над 60 години, хроничните болни, пациенти со белодробни болести, астматичари, лица со срцеви и бубрежни  заболувања, појасни Тодоровска. Додаде дека со претходна препорака, вакцина против грип примиле и деца.

04.02.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега