10 години Facebook: Прес24 меѓу најактивните фан страни во Македонија

Социјалната мрежа Facebook, денеска го слави својот 10-ти роденден. Тој е основан на 4-ти февруари 2004 година и за 10 години стигна до статусот најголема друштвена мрежа во светот со околу 1,23 милијарди корисници месечно.

Facebook има регистрирано над милион различни профили од Македонија (1.060.000) од сите возрасти. Од нив 620.000 се профили на лица од машки пол, а 440.000 се профили на лица од зенски пол. За споредба, бројот на Фејсбук корисници во 2011 година, изнесувал 880.000.

Интересно е што повеќе од половината корисници на Facebook од Македонија, избегнуваат да го откријат својот љубовен статус и немаат наведено дали се во врска, верени или брак, додека 190.000 корисници откриле дека се „во брак“ или „single“. 

Бројот на Facebook страници регистрирани од Македонија изнесува 877, а нив ги поддржале над 17 милиони профили, или секој Македонец има лајкнато во просек по 17 страници. Facebook страна со најголем број лајкови е онаа на GRID.mk, додека според активноста на самата страница најпопуларни се Facebook страните на нашиот портал Прес24 и страната на Сител ТВ.

 

 

04.02.2014 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега