Жените во АРМ го менуваат стереотипот за армијата како машка професија

 

Министерот за одбрана Талат Џафери, денеска истакна дека интеграцијата на жените во војската би можела да го смени ставот за армијата како институција, која првенствено се занимава со војување кон перцепција за структура насочена кон градење на мир и безбедност.

Покрај ова, на денешната презентација на студијата за положбата на жените во вооружените сили на државите од Западен Балкан, министерот Џафери истакна и дека покрај фактот дека во оваа област е постигнат голем напредок, сепак, министерствата и вооружените сили се уште се соочуваат со низа предизвици на чие надминување ќе се посветиме во периодот кој ни претстои.

Заменикот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија Алесандро Фрачасети во своето обраќање кажа дека оваа студија ќе послужи за разбивање на стереотипите дека воената професија е исклучително машка професија.

- Тоа се покажа како неточно, во 2012 година жените беа многу успешни во воените обуки. Тоа го покажува и фактот дека тие беа и во „топ 10“ лицата кои ги поминаа основните обуки, истакна тој.

„Генерал Михајло Апостолски“ Кристина Кривокапиќ од Црна Гора, вели дека жените можат без никакви проблеми да ги извршуваат обврските во армијата како и мажите. - Затоа сметам дека треба да се зголеми бројот на жени во армијата, истакна Кривокапиќ.

Инаку, во АРМ жените се застапени со 4,01 отсто и 4,89 проценти во воздухопловството и противвоздушна одбрана.

04.02.2014 - 13:03
Фото: 
стилмагазин

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега