ФОТО: Погледнете како ќе изгледа новиот стадион во Битола

Стадионот Тумбе Кафе во Битола на кој игра ФК Пелистер наскоро во комплетно ново руво. Битолскиот градоначалник Владимир Талевски денеска презентираше дел од решенијата за новиот изглед на стадионот.

Новиот стадион кој ќе се гради според критериумите на ФИФА и УЕФА, треба да собира 12.000 гледачи. Се планира и атлетска патека на која би се одржувале меѓународни атлетски натпревари.

-Цврсто сме решени да направиме убав стадион во Битола и затоа одлучивме да идвоиме финансиски седства, истакна градоначалникот Талевски.

Планирано е изградбата да стартува следната година.

 

04.02.2014 - 12:13
Фото: 
tip.com.mk/

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега