На телото си залепила 2 килограми хероин - еве кои се шверцерите со кои се сретна Царината во јануари

 

 

Царинската управа на Република Македонија во јануари 2014 година до надлежните јавни обвинителства поднела 5 кривични пријави против 4 правни лица и 5 физички лицa.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Фалсификување исправа и поднесување лажни докази“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
 
 Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

* Кривична пријава е поднесена против едно лице К.А. државјанин на Република Албанија. На 06 јануари 2014 година на граничениот премин Богородица осомничената се приjавила за влез во  Македонија како патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга. При извршена контрола под блузата залепени на телото, пронајдени се вкупно 7 пакувања со непозната прашкаста материја завиткани со самолеплива трака и најлонска кеса. По извршено вештачење од страна на МВР-Оддел за крим техника утврдено е дека непознатата прашкаста материја преставува хероин со вкупна тежина од 1935 грама. Осомничената, дрогата ја носела за лице од Албанија за паричен надомест од 300 евра. На ваков начин пријавената неовластено заради продажба држела и  пренесувала наркотична дрога-хероин.

Фалсификување исправа и поднесување лажни докази

*Кривична пријава е поднесена против правно лице од Радовиш и одговорното лице, македонски државјанин, затоа што при  увозно царинење на едно употребувано патничко моторно возило, кон царинската декларација поднел фактура во која била наведена изјава за потекло, со цел да му биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно  увозно царинење со царинска стапка слободно. Царинската управа се обрати до царинската служба на Сојузна Република Германија, со барање за верификација на приложената фактура, а од таму е доставен одговор дека странската компанија наведена како продавач ниту го поседувала ниту пак го продала возилото, односно фактурата и изјавата во неа не се издадени од продавачот.

„Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“

* Кривична пријава е поднесена против едно правно лице од Скопје и против одговорното лице во правното лице, македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно новластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. За потребите на правното лице, преку царинската испостава Скопје 3 во Република Македонија увезени се 315 пара бермуди и 568 пара фармерки. При извршениот преглед на стоката откриени се вкупно 554 пара бермуди и фармерки со ознака на заштитена трговската марка. Врз основа на барањето за преземање на царински дејствија, а поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, предметната стока е привремено задржана согласно Законот за Царинска управа. По увидот на стоката застапникот за трговската марка ја извести Царинската управа дека има добиено потврда од носителите на правото на интелектуална сопственост дека задржаните бермуди и фармерки се фалсификат, односно дека горенаведената стока го повредува нивното право од интелектуална сопственост. Согласно законските одредби, директорот на Царинската управа на Република Македонија донесе одобрение за уништување на задржаната  стока.

* Кривична пријава е поднесена против едно правно лице од Скопје и против одговорното лице во правното лице, македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. За потребите на правното лице, преку Царинската испостава Скопје 3 во Република Македонија биле пријавени за увозно царинење разни производи со потекло од Кина. При преглед на стоката откриени се 596 парчиња паричници со ознаки на заштитени трговски марки. Врз основа на барањата за преземање на царински дејствија, а поради основано сомнение дека со наведената стока се повредуваат правата од интелектуална сопственост, предметната стока е привремено задржана. По увидот на стоката застапниците за наведените трговски марки ја извести Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителите на правото на интелектуална сопственост дека задржаните стоки се фалсификат, односно истите го повредува нивното право на интелектуална сопственост. Согласно законските одредби, директорот на Царинската управа на Република Македонија донесе одобрение за уништување на задржаната стока.

„Царинска измама“

* Кривична пријава против правно лице од Сарај, Скопје и одговорното лице поради откриен обид за избегнување на плаќање на увозни давачки во вкупен износ од 319.258 денари, со приложување неверодостојна фактура при увозно царинење – со значително пониски цени на стоките од цените по кои се истите продадени од странскиот извозник. Во царинската испостава Штип во 2011 година за потребите на правното лице извршен е увоз од  Турција на цемент и ткаенини во метража, за кои при увозното царинење е поднесена фактура на вредност од 10.387,81 евра. Врз основа на основани сомневања за верoдостојноста на пријавената фактура, со оглед дека одговорното лице е од порано познат сторител на кривични дела,  Царинската управа се обрати до Царинската администрација на Република Турција со барање за дополнителна проверка на фактурата приложена при увозното царинење. Добиен е одговор дека извозникот од Турција издал две фактури за стоката, кои значително се разликуваат од приложената фактура во увозната постапка во поглед на цените на стоките, односно вкупната вредност на предметните фактури кај  извозникот изнесувала 53.879,37 долари и 510 евра. Царинската управа ја утврди царинската вредност според реалната вредност на стоките и изврши дополнителна пресметка за наплата на царински долг по предметната декларација, при што утврдени се вкупно избегнати царински и други давачки во износ од 319.258 денари, кои увозникот со решение е задолжен да ги плати.

04.02.2014 - 11:34
Фото: 
Новини

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега