Тетово: Отишле на викенд - се вратиле во празен стан
Засега непознати крадци во периодот од 1 до 3 февруари го опустошиле станот на 32 годишниот К.Ј. лоциран на ул. „Вонвардарска“ во Тетово.
Портпаролот на тетовската полоција Маријан Јосифовски информира дека домашните не биле во станот кога провалниците насилно ја отвориле металната влезна врата и украле неколку парчиња златен накит и пари. Штетата се проценува на околу 250.000 денари.
Полицијата трага по сторителите
04.02.2014 - 11:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа