ВМРО-ДПМНЕ: Вработувањето ќе важи и за поранешните војници
На вчерашната седница на Извршниот комитет, ВМРО–ДПМНЕ донесе одлука со која се даде насока на пратеничката група на владејачката партија во Собранието, во процесот на собраниската процедура, на носење на измената и дополнувањето на Законот на Служба во АРМ, со која се предвидува професионалните војници во служба на Армијата на Република Македонија по наполнување на 45 години старост како максимална старосна граница, да се вработат во државните институции, да го прошири опфатот на професионалните војници и оваа мерка да важи ретроактивно за оние кои службата во Армијата им престанала по основ на исполнување на максимална старосна граница.
Ова го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев на денешната прес-конференција.
Оваа мерка, објасни тој, ќе важи за поранешните професионални војници кои заклучно со 31.12.2013 година во агенцијата за вработување на Република Македонија се водат како невработени лица. Цел на оваа мерка е на лицата кои го немаат решено својот работен статус, односно се невработени, да им се помогне истата како најважна работа за нив и нивните семејства.
-Во мандатот на владеење на ВМРО–ДПМНЕ, за Армијата се случија две покачувања на старосната граница на професионални војници, 2007 година од 35 на 38, 2012 година од 38 на 45. Сега го решаваме егзистенцијалниот статус на војниците по 45 години со ретроактивно дејство. За првпат Армијата се облече во Македонска униформа, се покачија платите на вработените, инвестиравме во касарните и полигоните за обука, се отвори Воената Академија која претходно беше затворена, се отвори модерна школа за пилоти и други позитивни работи кои го јакнат имиџот и капацитетот на Армијата како синоним за државноста, рече денеска Димитриев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа