Македонски пратеници на молитвен појадок во Вашингтон

Собраниска делегација на чело со потпретседателката на македонското Собрание, Сузана Салиу, од денеска до 7 февруари ќе учествуваат на молитвениот појадок во Вашингтон. Во состав на делегацијата се и пратениците Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров.

Секоја година членовите на Конгресот и претседателот на САД, заедно со други високи функционери, како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се молат и да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.

Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален, национален американски собир што се организира по 62. пат, каде еден до друг седат функционери од целиот свет.

04.02.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега