Министрите ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

 

Делегација на македонската Влада денеска, денеска по повод одбележување 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе положи свежо цвеќе во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер.  

Владината делегација е составена од министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми,

Потоа, владината делегација ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“.

 

04.02.2014 - 09:16
Фото: 
vlada.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега