Седници на пет собраниски комисии
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисииите за финансирање и буџет, за одбрана и безбедност, за труд и социјална политика, Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски прашања.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка по Договорот за заем за Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност, по скратена постапка, како и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расораваат по предлог-измените на Законот за социјалната заштита и на Законот за агенциите за привремени вработувања, двата во второ читање.
На дневен ред на 153. седница на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања, сите во второ читање.
По завршување на оваа седница ќе започне 154. седница на Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постака; Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност, по скратена постапка; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка; како и Утврдување за Пречистен текст на изборен законик.
Комисијата за економски прашања треба да се произнесе за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа