Македонија одбележува 142 години од раѓањето на Гоце Делчев

 

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска ќе се одржи панихида по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог, Гоце Делчев.

Според најавите од Меѓународна манифестација „Гоцеви денови“, панихидата ќе ја одржат свештеници на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, ќе настапи мешаниот градски хор „Вардар“, а цвеќе пред саркофагот на Гоце ќе положат делегации на државни и локални институции, општини и здруженија на граѓани.

Цвеќе ќе биде положено и пред спомениците на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, роден е на 4.февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Тој се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница. 

04.02.2014 - 08:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега