Наутро смрзнувачка преку ден 10 степени - еве какво време нé очекува деновиве

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во југозападните делови околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до пет, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Температурата ќе се движи од три до 10 степени. 

04.02.2014 - 08:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега