Разбиена група фалсификатори на евра
Полицијата од албанскиот град Лежа уапси четири лица, под обвинение за „фалсификување банкноти и документи“, јави дописникот на МИА.
Уапсените се Французин, Камерунец, Косовец и Албанец кој имал и шведски пасош. Тие се на возраст од 30 до 38 години.
Полицијата ги привела додека со автомобил патувале кон на Лежа. При контрола биле пронајдени материјали и апрати за фалсификување пари. Пројдени се и исечени парчиња хартија со димензии на банкнота на 500 евра.
Поради сомнеж дека групата има соработици во Албанија и оти е можно фасификувани банкноти да се растурени и во соседните земји, полицијата апелира на голема внимателност.
Истрагата продолжува со цел да се открие местото каде се печателе фалсификуваните банкноти и поврзаноста на други лица во ова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа