Русите ја нацртаа Голема Албанија, но во неа ја нема Македонија
Дел од руски геостратегиските институти пред некое време во јавноста излегоа со нова карта на Европа чии граници треба да бидат поместени во 2035 година. Ваквата карта со која Русија излезе претставува интересен и провокативен потег, и голем дел од светските аналитичари препознаваат начин да оваа држава по распадот на СССР на некој начин си го поправи својот углед во светот. Токму ваквата провокативна „авантура“ на територијално реорганизирање на другите европски држави би можело да донесе вистинско менување на светската политика.
Интересно е тоа што во новата карта нацртната од страна на Русите, делот од Голема Албанија, зафаќа дел од македонскиот и од црногорскиот простор, но не одговара на сегашната територијална поделба која беше инспирирана од рамковниот договор. Во новата карта македонските градови Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга си останавуваат во Македонија, но под новата албанската држава ќе потпаднат дел од планинските сртови и некои погранични села.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа