Претседателот на ДИК апелира: Партиите да го почитуваат Изборниот законик
Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски, ги повика политичките партии да ги почитуваат одредбите на Изборниот законик.
- Сите коишто учествуваа во носењето на законикот и го донесоа консензуално треба да ги почитуваат неговите одредби и да останат доследни на тоа, рече Рилкоски, додавајќи дека секој што ќе се појави како прекршител на одредбите на овој законик ќе треба да сносни санкции.
Повтори дека највисокото изборно тело е подготвено за одржување изборите и појасни дека ќе има избор на нови состави во избирачките одбори.
- Таму е предвидено претседателот да има високо образование, а останатите членови да имаат најмалку средна стручна спрема, изјави Рилкоски.
ДИК го утврди Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите за претседател распишани за 13 април. Првпат за претседател ќе гласа и дијаспората.
Кандидатурите за претседател до ДИК ќе треба да се достават најдоцна 30 дена пред изборите однодно до 13 март.
Од 17 февруари независните кандидати кои ќе сакаат да се кандидираат за претседател ќе можат да собираат потписи. Процедурата ќе трае 15 дена. Право на кандидатура ќе имаат оние што ќе соберат потписи од 10.000 граѓани или од 30 пратеници.
Јавниот увид во избирачкиот список завршува на 7 март.
Предизборната кампања трае 20 дена и ќе започне на 24 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа