ВИДЕО: Не се виделе пет години - оваа средба допре до милиони срца ширум светот

 

Пет години откако се разделиле, Дамјан Аспинал, решил да го посети својот пријател, горилото Квиби. Квиби како бебе бил донесен во “Animal park” во Англија каде неколку години го подготвувале за враќање во дивината. По пет години игра, дружење и заеднички моменти, дошол тажниот момент во кој Квиби требало да си оди.  Тој бил пуштен на слобода во Африка. Сепак, горилото кое сега има 10 години е полно со емоции. Човекот кој го одгледал вели дека морал да го види.

- Квиби сега е многу силен, и полн со емоции. Морав да го видам да видам дали ќе ме препознае, вели Дамјкан.

Откако Квиби го здогледа својот пријател мораше да го допре за да се увери дека е тој. Потоа, не можеше да го пушти од прегратка. 

Ова видео трогна многумина...

03.02.2014 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега