Банда кичевчани опустошиле 11 куќи

 

Шестмина кичевчани се осомничени дека за 7 месеци извршиле вкупно 11 кражби.

Според полицијата, кичевчаните пустошеле од август минатата година до први овој месец. Тие ги оштетувале бравите, ги отварале влезните врати од куќите во Кичево и краделе скапи рачни часовници, златен накит, бижутерија, патики како и бакарни делови за парно греење. 

Накитот го продавале во една златара во Кичево, заработувајќи големи пари.

03.02.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега