Х-фактор: Нови цени на СМС пораките за Македонија

 

Продукцијата на „Х-фактор“ реши да им излезе во пресрет на македонските гледачи кои сакаат да гласаат за својот фаворит, па ја намали цената на пораките од 40-тина денари, на 23,6 денари.

Досега, велат од продукцијата, често стигнувале поплаки дека цените на пораките за Македонија се многу високи.Фановите се жалеле дека не можат секој вторник да испраќаат по 30 пораки со цена од околу 40 денари, односно 1200 денари неделно или 4800 денари плус на месечната сметка.

Затоа, од овој вторник, корисниците на мобилните мрежи Т-Mobile, One и Vip на бројот 141345 ќе може да гласаат по цена од 23,6 денари.

Од следната емисија која ќе се одржи на 4. февруари, право на глас ќе имаат уште две балкански земји, Хрватска и Словенија, кои немаат свои учесници на шоуто. Редните броеви на натпреварувачите се менуваат во секоја емисија, според редоследот на настапите.

Следете го шоуто во вторник, на Сител телевизија од 21:00 часот и гласајте за својот фаворит.

03.02.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега