Со јапонска донација ќе се ревитализира колекторот за заштита на Охридското Езеро

Jапонската Влада, со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити-студија ќе го поддржи колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро .

Македонскиот претставник во билатералниот македонско-албански Секретаријат за заштита на езерото, Дејан Пановски истакна дека јапонската донација е резултат на интензивните контакти на македонските надлежни институции и доставената апликација од наша страна.

- Јапонската агенција е подготвена сразмрено на своите процедури да издвои средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција, планирана да се изведе по објавата на физибилити-студијата. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, вели Пановски.

Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро стартуваа веднаш по потпишувањто на Договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу премиерите на Македонија и Јапонија.

Јапонски експерти досега имаат преземено неколку мисии во регионот, при што е изработен и Извештај за состојбата на колекторскиот систем. Македонското Министерство за животна средина и просторно планирање подготви Апликација за издвојување средства за изработка на физибилити студија што се веќе одобрени. 

Партнер на Јапонската агенција е македонското Министерство за финансии, а стручниот дел се одвива преку Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје и Одделението во Охрид.

03.02.2014 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега