И Груевски ќе го ѕирне Центарот за обука на пилоти
Македонскиот премиер Никола Груевски, денеска заедно со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и челните луѓе на МВР, ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“, Петровец.
Груевски ќе ги разгледа просториите во Центарот за обука каде се одржуваат обуките за пилоти, а ќе бидат презентирани и техничките можности на опремата за обука, како и концептот на обуката за кандидатите за пилоти што ќе се пријават на неодамна распишаниот конкурс на МВР.
03.02.2014 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа