АРМ и МО ќе ги прогласат најдобрите спортисти од нивните редови

 

Во Министерството за одбрана на Република Македонија денеска ќе бидат прогласени најдобрите спортисти на АРМ/МО за 2013 година. Признанијата и медалите ќе ги додели заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини.

За најдобар спортист во МО и АРМ за 2013 година ќе биде прогласен професионалниот војник Дарко Дамјановски, за постигнати врвни резултати во нордиско скијање-биатлон, додека во женска конкуренција е избрана Благица Димитрова, питомец на Воената академија, која постигна најдобри резултати во атлетика.

Прогласувањето спортисти на годината се изведува вторпат во организација на Меѓународниот совет за воени спортови во МО и АРМ. 

03.02.2014 - 09:14
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега