Нотарите и Катастарот почнуваат со електронско работење

 

Нотарите и Катастарот на недвижности во Скопје од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите ќе ги доставуваат барањата по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.

- Сите нотари сите свои документи што ги работат со сите договори, хипотеки итн. по електронски пат ќе бидат должни да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности, рече на прес-конференција директорот на Агенцијата, Славче Трпески.

Документите ќе бидат лесно проверливи, ќе се зголеми одговорноста на нотарите, а со тоа и нивната сигурност.  

Во Скопје има 64 нотари и сите се подготвени за електронско работење. Сите нотари во земјава ќе се вклучат за 90 дена.

03.02.2014 - 08:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега