Стартува пререгистацијата на невработените и лицата со ниски примања
Невработените лица, како и лицата со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги.
Крајниот рок е 31. март и дотогаш се очекува да се пререгистрираат 243.000 осигуреници. Станува збор за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања, како и за лицата кои првпат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ.
Лицата од овие категории треба да достават барање и изјава за остварени примања во текот на 2013 година. Барањата може да ги поднесат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и во истурените шалтери сместени во поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто и во Шуто Оризари.
За тетовскиот регион, подрачната единица ќе има продолжено работно време до 18 часот.
Пререгистрацијата ќе продолжи и по 31 март, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно од 1 април до моментот на нивната регистрација или пререгистрација во Фондот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа