Јанкулоска ќе го посети Центарот за обука на пилоти во Петровец
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со челните луѓе на МВР, денеска ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Со директорот на Центарот Јари Шрага, министерката Јанкулоска и раководството на МВР заедно ќе ги разгледаат просториите во Центарот за обука каде што се одржуваат обуките за пилоти. При денешната посета ќе бидат презентирани и техничките можности на опремата за обука, како и концептот на обуката за кандидатите за пилоти што ќе се пријават на неодамна распишаниот конкурс на МВР.
03.02.2014 - 08:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа