ФОТО: Нови лифтови, ново осветлување - реконструирани болничките крила на ГОБ "8 Септември"

 

Премиерот Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посетија Градската општа болница "8 Септември" каде заврши реконструкцијата.

Сите седум болнички крила се реконструирани според најсовремени стандарди, поставени се три нови товарни и два патнички лифта. Во болничките крила има целосно нови санитарни јазли, подови и тавани, осветлување, шкафчиња во собите, како и нови инсталации за противпожарна дојава и повик на сестра и слично, со цел запазување на најновите болнички стандарди. Вкупна вредност на целата инвестиција е над 1 милион евра (62,2 милиони денари).

- Задоволство ми е што оваа фаза на реконструкцијата заврши. Тоа беше значајна инвестиција, но и ефектот е значаен. Откако претходно добро се опреми го голем број медицински апарати, откако и се вработија голем број луѓе и натаму ќе има дополнителни вработувања како што расте бројот на пациенти, така што и условите во самата зграда се одлични, посочи Груевски.

Mинистерот Тодоров истакна дека ГОБ „8 Септември“ е исклучително значајна здравствена институција не само на ниво на град Скопје, туку и за цела Македонија.

- Добар дел од пациентите кои доаѓаат во болницата не се од Скопје туку од другите градови. Пациентите се повеќе имаат доверба во стручноста и квалитетот на здравствените услуги кои се даваат тука, во новата и современа опрема која ја набавивме, а сега и со комплетната реконструкција, практично се заокружува еден цел инвестициски циклус, потенцира Тодоров.

Инаку, од утре стартуца реконструкцијата на Поликлиниката Букурешт во Скопје.

02.02.2014 - 15:03
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега