По 5.000 денари за секое новороденче во Охрид

 

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на Општата Болница д-р Љубен Арнаудов денес потпишаа Меморандум за  меѓусебна соработка. Со овој акт општината самои иницијативно  се обврзува  финансиски да го помага секое прво и второ родено дете во семејствата во градов со еднократна парична помош од  5 000 денари. Со ова Општина Охрид и официјално ја дава својата поддршка кон заложбите на Владата на Република  Македонија во насока на зголемувањето  на наталитетот во земјава.

Еднократната парична помош ќе се одвива во две фази. Во првата фаза со оваа ставка ќе бидат опфатени новороденчиња кои што ќе бидат родени во Одделението за гинекологија при Општата Болница во Охрид чии родители живеат и работат на ниво на Општина Охрид. Во втората фаза ќе ги опфатиме сите оние новороденчиња кои што независно каде се родени во кој град од Македонија или надвор од неа но нивните родители живеат и работа во Охрид ,објасни градоначалникот Бакрачески  изразувајќи  надеж дека општинската иницијатива за еднократна парична помош на новороденчињата во иднина со финансиската стабилизација на Општината ставката за нив ќе биде зголемена.

Денес градоначалникот Никола Бакрачески ги повика сите релевантни институции во рамки на своите можности да предвидат мерки за  зголемување на наталитетот во градот

Се надеваме дека ова ќе биде силен сигал за сите структури во општествово за да ја поддржат оваа наша иницијатива како Локална Самоуправа и да ја подигне свеста кај населението дека наталитетот лежи во основа на сите предуслови за развојот и растот на едно општество, рече градоначалникот, Бакрачески       

Директорот на Општата Болница, Љубен Арнаудов, во име на вработените во здравствената установа и во име на мајките се заблагодари на акцијата која веднаш по потпишувањето на меморандумот  за соработка, ја стартува Општина Охрид.

Ова е мала симболична помош но во прв момент многу корисна и потребна за младите мајки. Би сакал да истакнам дека ова е прва официјална соработка на ниво на Локална самоуправа и Болница . За жал во минтиот период со претходната локална гарнитура  Општата Болница на неколку пати се обидуваше да стапи во контакт со  Општината но не успеваше.  , потенцира директорот , д-р Љубен Арнаудов.

Општина Охрид, и во иднина  во рамки на своите ингеренции ќе ги поддржува сите заложби за развој на здравствената дејност во градов во насока на воведување најсовремени постапки и методи при лечењето. 

02.02.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега