Груевски: Мерката за стимулирање вработувања социјалци утре ќе помине во Собранието
Премиерот Никола Груевски денеска откако заедно со министерот Никола Тодоров ја посети реконструираната болница "8 Септември", изјави дека утре Собранието ќе го прифати законското решение со кое 30.000 приматели на социјална помош ќе добијат предност при вработувања во приватните фирми.
- Со оваа мерка ќе се даде можност сите оние кои се приматели на социјална помош, а тоа се над 30.000 луѓе, да имаат одредени предности при вработувањата така што работодавачот во првите две години од државата ќе добива надомест во висина од 80 проценти од износот на социјалната помош што ја примало лицето. На тој начин му олеснуваме, го мотивираме и охрабруваме работодавачот овие луѓе да ги повика, да ги ангажира во работниот процес онаму каде може да го направи тоа и се разбира доколку го прекине нивното вработување ќе треба да ги врати средствата, изјави премиерот Груевски одговрајќи на новинарско прашање на промоцијата на реконструкцијата на болнички крила во ГОБ „8 Септември“.
Премеирот посочува дека и за државта тоа ќе значи олеснување затоа што две години ќе плаќа 20 отсто помалку, а подоцна нема воопшто да плаќа социјална помош за лицата кои ќе бидат вработени. За работодавачот ќе биде значителна конкурентна предност во делот на трошоците за ангажирање на работникот, така што на некој начин и едните и другите добиваат, а најмногу добива оној што ќе биде вработен, односно примателот на социјална помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа