По цели 50 години утре стартува реконструкцијата на Поликлиниката Букурешт

 

Премиерот Никола Груевски денеска заедно со министерот за здравство Никола Тодоров, беше во посета на болничките крила во Градската општа болница „8 Септември", каде заврши реконструкцијата.

Премиерот најави дека утре стартува реконструкцијата на Поликлиниката Букурешт каде освен што пред две - три години се замениле прозорците и се интервенирало во санитарните јазли и тоалетите, надвор од тоа 50 години не е ништо инвестирано и реконструирано.

- Владата прави темелна реконструкција на целата Поликлиника. Ова е многу значајно бидејќи Поликлиниката Букурешт прима најголем број пациенти годишно од сите поликлиники во Скопје. Има високо ниво на образован стручен кадар, голема доверба од пациентите и не случајно најмногу пациенти доаѓаат во оваа Поликлиника. Дневно само доаѓаат околу 1.500 пациенти, истакна Груевски.

За реконструкцијата ќе бидат издвоени 24 милиони денари.

 

02.02.2014 - 14:22
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега